„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
115 сакционирани возачи во Струмица, 34 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Општина Струмица изречени се вкупно 115 мерки, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила, 34 за возење со брзина поголема од дозволената и останати 53 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порачуваат од МВР.