„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Николовски:Над 80.000 членови го ажурираа своето членство во СДСМ
СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси, соопшти денес од Струмица генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
Над 80.000 членови се ажурирани, што значи дека семејството на македонските социјалдемократи, СДСМ, има над 80.000 членови. Социјалдемократското семејство е доволно големо, силно да го продолжи напредокот.
Наши граѓани кои ги делат социјалдемократските вредности, кои се посветени и подготвени да работат за доброто на сопствената татковина, за доброто на целото општество.
Низ целиот процес на ажурирање имавме и илјадници нови членови, првенствено млади лица кои пристапија кон ова македонско социјалдемократско семејство.
Граѓаните ги препознаваат успешните политики на СДСМ, препознаваат дека правдата, напредокот, развојот и интеграцијата се можни само со СДСМ и затоа секојдневно се приклучуваат.
Тоа е нова енергија, нова додадена вредност за нашата партија.
СДСМ победува, СДСМ расте и се менува во континуитет.
Овој процес на промени го заокружуваме на 21 март кога ќе се одржат првите внатрепартиски неспосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за новиот претседател на СДСМ.
На 21 март СДСМ ќе постави уште еден нов стандард на партиското делување, преку организирање на внатрепартиски избори ширум републиката.
Тоа врв на демократијата, тоа е значаен храбар чекор кој треба да послужи како пример за останатите политички партии во државата и да допринесе за развој на демократијата.
Продолжуваме одговорно, чесно, праведно и транспарентно да работиме во интерес на граѓаните и државата, рече на крајот Николовски.