Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Меѓународниот ден на жената
Почитувани сограѓанки,
Денес се навршуваат 111 години од одржувањето на Првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на која е одлучено да се слави како Меѓународен ден на жената, а следната година е одлучено тој ден да биде 8.Март, ден со кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. И по толку многу време, иако состојбата со женските права е неспоредливо подобра, таа борба продолжува.
Денес осамна уште еден 8.Март, уште еден убав ден во кој се одбележува значењето на жената и нејзината постојана борба за добивање заслужено место во општествата и заедниците, борба за права и еднаквост. Овој ден е ден на жената-мајка, жената-сопруга, жената-работник, жената-креатор на секојдневното живеење…
Одбележувајќи го овој ден, треба и мора да знаеме дека жената заслужува 365 денови во годината, бидејќи сите сме еднакви и сите заслужуваат место под сонцето.
Нека ви е честит и вековит Меѓународниот ден на жената.