Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Струмица со 33 новозаразени и шест оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 626 -Прилеп 88 -Велес 60 -Гостивар, Кавадарци и Битола по 48 -Тетово 46 -Штип 41 -Неготино 36 -Охрид 34 –Струмица 33 -Куманово 28 -Кочани 23 -Радовиш 18 -Гевгелија 17 -Пробиштип 12 -Валандово и Демир Капија по 11 -Кичево 10-Делчево 9 -Струга, Крива Паланка и Берово по 8 -Крушево 6 -Ресен 5 -Богданци 4 -Свети Николе 3 -Дебар, Виница, Пехчево и Дојран по 1.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:
-Скопје 220 -Прилеп 25 -Гевгелија 14 -Тетово и Велес по 9 -Куманово 8 -Гостивар 7 -Струмица 6 -Крива Паланка и Богданци по 5 -Штип и Битола по 4 -Кичево, Берово и Демир Хисар по 3 -Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница по 2 -Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово по 1 лице.
Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.