fbpx

Во машкото куп-финале ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово

 Во машкото куп-финале ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово

Полуфиналните натпревари во машка конкуренција на 28.македонски одбојкарски куп, кои се одиграа синоќа, минаа очекувано со доминација на фаворитите за освојување на пехарот.

В недела од 18 часот во салата „Парк“ ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово, што значи дека годинашното финале ќе биде реприза на завршниот меч од 2019. Второпласираниот тим во првенството, Универзитет во Тетово, доминираше волокалната пресметка со Шкендија и славеше со 3:0 (25:14, 25:17 и 26:16).

На идентичен начин мина и второто полуфинале меѓу Џио Струмица и Вардар. Скопските црвено-црни петти пат сезонава не успеаја да му парираат на водечкиот состав во шампионатот кој го доби натпреварот со 25:14, 25:17 и 26:16. На тој начин, струмичани се финалисти седми пат во последните девет сезони, сметајќи ја и тековната.

Денешниот ден ден на завршниот турнир е резервиран за женските полуфинални натпревари. Од 16:00 часот Вардар жени 2019 ќе сервира против Работнички Скопје, а потоа Струмица жени ќе се соочи со Јанта волеј Кисела вода.

Двата меча, како и финалните пресметки в недела, ќе бидат емитувани директно на МРТ-3 каналот.

Share via
Copy link