„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст Струмица активно учествуваше во денешната еко акција „Чисти ридови за сите“
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска активно учествуваше во големата еколошка акција „Чисти ридови за сите“, која се органиираше на иницијатива на повеќе граѓански организации од областа на спортот и заштитата на животната средина, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во државата и Општина Струмица.
Младите волонтери, односно тимот за пружање прва помош имаше и една интервенција во текот на денешната акција.
Еко акцијата се реализираше во периодот од 10.30 до 14.00 часот на две локации: од пред „Ловен дом” по трим патеката се до Св.Илија и од пред СОУ „Никола Карев” по асфалтниот пат до „Лозињата – Чамчифлик”.
Целта на акцијата е чистење на отпадот од овие локации и подигање на јавната свест за почиста животна средина.