fbpx

Сообраќајка кај Владевци, нема повредени и загинати

Во сообраќајка која се случи по 17:00 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Владевци нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Заради сообраќајката повеќе од еден час беше во прекин сообраќајот за товарни возила.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, а увид извршила полицијата, по што сообраќајот е целосно нормализиран.

Share via
Copy link