fbpx

Во Струмица одбележана 60 годишнината од летот во вселената на Јуриј Гагарин

 Во Струмица одбележана 60 годишнината од летот во вселената на Јуриј Гагарин

-Со претставници на Амбасадата на Руската Федерација во нашава земја, на скромен но достоинствен начин, денеска одбележавме еден голем јубилеј кој е од огромно значење за историјата на воздухопловство во целиот свет, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Имено, на денешен ден пред точно 60 години, советскиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин станал првиот човек во историјата на човештвото кој се вивнал во вселената и ја прелетал земјата околу нејзината орбита.

-Во тоа име, положивме цвеќе пред неговата спомен биста која во 2012 година во името на македонско-руското пријателство беше донирана од нејзиниот автор, познатиот руски скулптор, академик Григориј Потоцки. Тоа е голема чест за нашата општина и за сите нас, како потврда за едно пријателство кое траело, трае и ќе трае и во иднина, напиша градоначалникот Јаневски.

Share via
Copy link