Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош
Премиерот Заев со честитка за Рамазан Бајрам: Да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени
Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи им честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од муслиманската вероисповед, посакувајќи им многу здравје и среќа.
Тој упати и апел да се почитуваат и здравствените протоколи и посака празничните денови да се поминат во слога и спокојство со најблиските.
Во прилог прочитајте ја целата честитка:
„Го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам на членовите на Исламската верска заедница и на сите граѓани кои го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име.
Крајот на постот и благодетите стекнати за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на трпение, несебичност и дарежливост.
Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам, како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме здравствените препораки и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени.
Дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во слога и во спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!
Бајрам Шериф Мубарек Олсун – „Нека биде благословен и честит празникот!“, се вели во честитката на премиерот.