Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
EУРОМАКС: Ја каниме Општината Струмица заедно да ги оствариме предлозите кои ги добивме од жителите
„Еуромакс Ресоурцес“ со дообјаснување до медиумите по реакцијата на Општина Струмица. Текстот го пренесуваме интегрално.
Еуромак Ресоурцес ја користи оваа прилика да ги пренесе изразите на највисок респект до локалната управа на општина Струмица.
Повикот за прибирање идеи и предлози за финансирање на локални проекти не е процес кој предвидува аплицирање со готови проекти туку само на евидентирање идеи и предлози кои брзо можат да се разработат во конкретни изведбени проекти. Секако доколку локалната управа ги поддржи активностите. Во нашето известување само транспарентно ја поканивме јавноста, односно сите кои имаат идеи и предлози за приоритетни проекти во регионот и на наше големо задоволство населението, компаниите и други поединци ни одговорија со конкретни идеи.
Еуромакс досега не информирала дека локална институција или општина аплицирала на повикот.
Но сепак, не може, а да не сме среќни што нашите мотиви за помагање на локалните жители се комплементарни со оние на општината Струмица . И Еуромакс и Општина Струмица сака жителите подобро да живеат.
Ќе ја искористиме оваа можност, бидејќи Општината Струмица нẻ повика, јавно да ја поканиме да ја донесат нивната листа со развојни проекти и заеднички да ги реализираме и оствариме потребите на жителите за поквалитетен живот.
Ние можеме и нудиме безрезервна соработка.