УШТЕ ЕДНА КРИЗА НА ПОВИДОК Електрификацијата ќе запре, ако не се инвестира во рудници за бакар
„Комуналец“ почна со генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република“

ЈПКД „ Комуналец „ – Струмица почна со генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република„ со што се превенира создавање на поплави од поројни дождови во летниот период.
Во акцијата е соберена и депонирана сета трева и исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени.
Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот.
Домакинствата својот отпад да го пријават на телефонскиот број 13-110 за да може истиот да биде навремено подигнат.