fbpx

Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah, Divizija и многу други на Get Exited во Струмица!

 Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah, Divizija и многу други на Get Exited во Струмица!

EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на
Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава која не смеете да ја пропуштите.

Креаторите на светски познатата клупска химна “The Mirage” – Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи – Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и силната регионална поддршка составена од Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија носат лепеза на жанрови, ненадминати хитови и ритми за танцување од ѕвездено небо до изгрејсонце.

По минатогодишното издание на кое се забавуваа над 20.000 луѓе, Get EXITed се враќа во струмичкиот парк, трет пат по ред, за уште еден танц за испраќање на летото!

Откако ја започнаа својата кариера во 2013 година, Agents Of Time, италијанско електронско дуо, станаа глобално барана електронска група која издава албуми од година во година за некои од најпознатите продуцентски куќи.

Креаторите на клупската химна „The Mirage“, која тежи неколку милиони прегледи, пристигнуваат во Струмица и ветуваат електронски спектакл на отворено.

Со музички опус што вклучува хит по хит како што се „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, но и соработки како што е нивниот ремикс на песните на The Weekend „Take My Breath“ го потврдуваат своето место меѓу водечките имиња во современата електронска музика.

Заедно со Agents of Time, публиката во ноќта ќе ја води и Meduza, италијанско-шведско трио, составено од талентираните продуценти Матија Витале, Симоне Џани и Лука Де Грегорио, попознати во светот како едни од најголемите хитмејкери на денешната сцена. За само две години постигнаа планетарна популарност, а нивната песна „Piece Of Your Heart“, создадена во соработка со познатото дуо Goodboys, сега има над 2 милијарди слушања ширум светот! Нивните синглови како „Lose Control“, „Paradise“, „Tell It To My Heart“ и многу други продолжуваат да достигнуваат метеорски височини на топ листите ширум светот, истовремено достигнувајќи над 150 илјади слушања на триминг сервисите дневно.

Senidah, неприкосновената кралица на балканската музичка сцена, од година во година поставува нови стандарди на продукција и изведба во трап и поп жанровите. Во текот на кариерата долга повеќе од десет години, таа стана препознатлива по својот автентичен изглед, музичкиот израз кој комбинира различни жанрови и уникатниот вокал.

Нејзините најнови синглови „Alo Alo“, „Greh“ и „Delija“ веќе достигнуваат повеќемилионски прегледи, а нејзините мегахитови како „Behute“ и „Mishichi“, но и многу други, се пеат од збор до збор во еден глас докажувајќи ја љубовта на публиката кон нејзиниот уникатен и широк музички опус.

Ѕвездата во подем Layla Benitez, талентирана диџејка од Њујорк, позната по својот афро хаус звук, ќе биде поддршка и гаранција за незаборавна атмосфера.

Многумина посетители на фестивалот EXIT ја паметат по спектакуларниот настап во mts Dance Arena, а годинава сите ќе уживаат во нејзините хитови „Usion“, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop“ , како и многу други кои таа ги носи во уникатна музичко-визуелна изведба во Големиот струмички парк.

Програмата на Get EXITed забавата под ѕвездите дополнително ќе биде зајакната со рап дуото 2Bona, талентираното трап дуо Zee,перспективниот трап артист Young Dadi, креативниот продуцент Matej Foltz, динамичниот диџеј Popeye и експерименталниот хип-хоп колектив Дивизија.

Share via
Copy link