fbpx

Академија Пандев Брера Струмица ги почна подготовките со стручен штаб од Италија

 Академија Пандев Брера Струмица ги почна подготовките со стручен штаб од Италија

Со промоција на новиот стручен штаб, сениорски состав на АП Брера Струмица ги почна подготовките за новата првенствена сезона. Тимот ќе го предводи Џовано Валенти кој денеска ја имаше и првата прозивка и тренинг со фудбалерите на „Брера Струмица“ на комплексот СРЦ „Пандев“, соопштѕија денеска од клубот.

Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма Италија, а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години.

За негов помошник ангажиран е 56 годишниот Микеле Кавали кој во својатa кариера има работено во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус. Додека тренер на голманите на сениорите е Алесандро Пегорари кој работеше со младинските категории во Парма.

-Ќе дадеме се од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим, рече Валенти во својата прва изјава во Струмица.

Како што е познато пред почетокот на новата сезона е ангажиран дефанзивецеот Стефан Наумчевски а наредните денови треба да пристигнат уште неколку нови засилувања. Идејата е годинава да се даде простор и можност на фудбалерите од сопствените погони

Share via
Copy link