fbpx

Потешко повреден богданчанец во сообраќајка меѓу трактор и „пасат“

На 28.06.2023 година во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „имт“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата возачот Х.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. 

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

Share via
Copy link