fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Курбан Бајрам

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповед,

Денес е Ваш ден. Денес е денот во кој започнува тридневното одбележување на вториот најголем исламски празник – Курбан Бајрам.

Нека овој празник биде во знакот на традицијата, со која низ молитвата „Бајрам намаз“ ќе побарате милост од Вашиот Алах, и преку принесувањето жртва-курбан ќе го остварите Вашето приближување кон Бога.

Во овој празник, со радост во душите и срцата, покажете ја на дело Вашата човечност и милосрдие, споделувајќи го залакот од празничната храна со Вашите роднини, пријатели, соседи и сограѓани.

Нека ви е честит и вековит Курбан Бајрам и нека ви донесе добро здравје, среќа, радост, семејна хармонија и благосостојба.

BAJRAM SERIF MUBAREK OLSUN

Share via
Copy link