fbpx

Академија Пандев е првиот клуб во државата кој ги продаде ТВ-правата на „Спорт клуб“

 Академија Пандев е првиот клуб во државата кој ги продаде ТВ-правата на „Спорт клуб“

Академија Пандев денеска на својот фејсбук профил објавија дека ги продале своите ТВ права на регионалниот спортски телевизиски канал „Спортклуб“.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе одат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спортклуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона!“, објавија од клубот.

Share via
Copy link