fbpx

Сончево и топло до температури 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Во Струмица минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 35 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Share via
Copy link