„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Академија Пандев поразена од Вардар на домашен терен
Екипата на ФК Вардар денеска на стадионот Благој Истатов славеше во Струмица против Академија Пандев со 1-0 во дискутабилен и нервозен натпревар, во кој главниот судија Смоквоски покажа два црвени картони, за Алчевски и за Поп Златанов.
Натпреварот беше решен со удар од белата точка, а стрелец на голот беше Дејан Блажески во 77-та минута кога Цветановски беше срушен од Димов и главниот судија Смоквоски покажа на белата точка.
На овој натпревар на трибините беше и нашиот фудбалски ас, Горан Пандев, кој не беше израдуван од домашните фудбалери со победа.
Со овој пораз, Академија Пандев е на делба на последното место заедно со Беласица.