Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Александар Васовски се врати на клупата на Академија Пандев

Александар Васовски се враќа на кормилото на „Пандевци“. Претходникот на Ѓорге Стојчев, кој пак си поднесе оставка на позицијата шеф на стручниот штаб во Академијата Пандев, се враќа во Првата македонска фудбалска лига, по кратката авантура во Сараево.
Васовски од декември 2020, до јануари оваа година го водеше тимот на Академија Пандев на 32 официјални натпревари, во кои запиша шеснаесет победи и по осум реми исходи и порази. „Пандевци“ играа одличен и атрактивен фудбал под водство на 42-годишникот, кој по Вардар и ја водеше струмичката екипа.
