Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Амбасадата на Јапонија донира камион за собирање и транспорт на смет на Босилово
Потпишан договор помеѓу Општина Босилово и Амбасадата на Јапонија за донација на камион за собирање и транспорт на смет за општина Босилово.
Денеска во посета на општина Босилово беше амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада. На средбата амбасадорот Савада и градоначалникот Ристо Манчев разговарашаа за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Во рамки на денешната посета, градоначалникот Манчев и амбасадорот Савада го потпишааа договорот за ,,Проект за обезбедување на општина Босилово со комунално возило’’. Преку овој проект Јапонија ќе обезбеди ново комунално возило за општината во износ од 67.820 евра од марката „мицубиши“.