АНГОВ: ДОЈРАН Е ПРВАТА ОПШТИНА КОЈА ИЗРАБОТИ ПОДЗЕМЕН КАТАСТАР

 АНГОВ: ДОЈРАН Е ПРВАТА ОПШТИНА КОЈА ИЗРАБОТИ ПОДЗЕМЕН КАТАСТАР

Преку проектот во соработка со Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИС) се изработи подземен катастар за комунална инфраструктура, пронаоѓање загуби на вода, поставување скада системи, мерни инструменти и слично, објави градоначалникот Анго Ангов.

Според него, ова е основа за изработка на хидрауличниот модел кој се работи во моментот за регулирање на притисокот и протоците на вода, а се со цел надминување на проблемот со притисокот во високите делови од Дојран.

-Во рамки на истиот проект поставени се и 300 паметни водомери кои помагаат во детектирањето на проблемите, загубите на вода и имаат можност за читање на водомерот преку софтвер. Оваа година планирани се поголеми зафати во водоводната мрежа и решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето.напиша градоначалникот на Дојран.

Фото: архива

Share via
Copy link