Костадинов ја информираше Амбасадата на САД за проблемите со водата за пиење
Ангов:Пвомајските празници се индикатор за претстојна успешна туристичка сезона
-Ако првомајските празници во Дојран се индикатор за успешноста на туристичката сезона која ни следува, може да прогнозираме дека за време на летниот период во Општина Дојран ќе се бара сместувачки капацитет повеќе.Иако дождот кој кон крајот на денот традиционално, првомајски не освежи, сепак имавме продолжен викенд за паметење, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Според него, угостителските и сместувачките објекти работеле со полн капацитет, парковите и плажите во централното градско подрачје беа запоседнати од туристи.
-Евидентно беше присуството на млади лица кои го искористија продолжениот викенд за добро да се забавуваат, а некои од нив веќе и да направат резервации за фестивалите и големиот број на настани кои допрва следуваат.Среќни сме што го гледаме Дојран ваков – полн, жив, шаренолик, сончев, убав. Тоа е нашиот Дојран кој го знаеме, го сакаме, тоа е нашиот Дојран во кој туристите и посетителите секогаш со задоволство сакаат да се враќаат, напиша градоначалникот на Дојран.