ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Апел од Општина Радовиш за заштита од пожари на отворено
Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестени полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните.
Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.Доколку се затекнат лица, кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.
Пожарот може да се пријави на:192 – Полиција,193 – ТППЕ (Територијална противпожарна единица),195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи),632-274 – РЦУК Радовиш,635-397 – Пожарна Радовиш,634-105 – МВР ПС Радовиш,617-700 – Општина Радовиш.