fbpx

Аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани

 Аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани

Министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека до сега се аплицирани 175.348 дози вакцини, а се ревакцинирани 25.648 граѓани.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани.
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација“ стои во објавата на министерот Филипче.

Share via
Copy link