Струмица и Лесковац се збратимија

Почитувајќи ја досегашната соработка, а водени од желбата за зајакнување на пријателските односи меѓу граѓаните на Струмица и Лесковац, градоначалниците Костадин Костадинов и Горан Цветановиќ, денеска потпишаа Меморандум за збратимување. Карневалските традиции и спортот ги споија двата града, а сега соработката се проширува во повеќе области како и размената на искуства и позитивни практики во […]

Известување до граѓаните за отстранување на возилата за време на

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во соработка со СВР- Струмица а заради безбедно одвивање на главната карневалска поворка, Ве известува дека на 16.03.2024 година (сабота) со почеток од 14:00 часот ќе ги затвори за сообраќај следните улици:-“Булевар Маршал Тито“, од потегот кружен тек кај главна пошта до подземната гража на Плоштадот;-ул. “Ленинова”, од потегот на […]

Полициски билтен:приведен побегнат затвореник, гевгеличанка пријавила дека од јули лани

На 14.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Г.П.(41) од Струмица, кој на 09.03.2024 во Полициската станица Струмица бил пријавен дека побегнал од Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Лицето било предадено во затворот. На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се […]

Карневалџиите ја „презедоа“ власта во Струмица

Од вечерва „нова“ локална власт во Струмица се струмичките карневалџии. Градоначалникот Костадин Костадинов симболично им ја предаде власта со предавање на клучот од Општината пред влезот во општинската зграда и на тој начин беше означен почетокот на осумдневните карневалски празнувања во градот под Царевите Кули. Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на […]

Физичка пресметка во село Подареш, нарушен јавниот ред и мир

На 12.03.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12:10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш, соопштиуја денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Познати учесниците на Струмичкиот карневал и имињата на маските

Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите утре (18:30 часот) почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица. Празнувањето ќе кулминира в сабота кога се одржува Интернационалната карневалска вечер на која, како што објави Организацискиот одбор, ќе учествуваат 47 карневалски групи со околу 1.000 учесници од кои 20 групи се […]

Градоначалникот Костадинов го честиташе почетокот на Рамазанските пости

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Ви го честитам почетокот на Рамазанските пости, со желба наредните триесет денови да ви поминат во здравје, мир, радост, хармонија, љубов кон Бога и прочистување и воздигнување на Вашиот дух. Ви посакувам лесен пост и со среќа да го дочекате Рамазан Бајрам, еден од двата најголеми Ваши празници. Нека ви […]

Бојмацалиев од Прифатниот центар Винојуг: Намалена илегална миграција за 50

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствуваше на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар ,, Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации-присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента во справувањето со мешаните миграциски […]

Тешко повреден возач во Валандово откако удрил во бетонски остров

Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонски остров на булеварот, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на […]

Од задутре почнува струмичката карневалска треска

Денеска во струмичкиот Младински центар, се одржа прес конференција по повод претстојните карневалски свечености во Струмица, на која зборуваа покровителот на Струмичкиот карневал и градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов. Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната традиција на празнување под маски […]