fbpx

На „Цареви кули“ кај двајца жители на Василево пронајдена марихуана

 На „Цареви кули“ кај двајца жители на Василево пронајдена марихуана

Вчера во 19:30 часот на местото „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана.

Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link