fbpx

Бојан Димовски од Академија Пандев со повик за фудбалската репрезентација

Бојан Димовски од Академија Пандев доби повик од селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој денеска го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. Првиот септемвриски меч ќе се одигра на гостински терен во Тбилиси, […]

Максим Михаилов од Русија ново засилување на Струмица Ников

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб денес го промовираше и третиот интернационалец од Русија, Максим Михаилов. Искусниот Михаилов во Струмица доаѓа од редовите на Будва, каде настапуваше заедно со Филип Деспотовски. Покрај Михаилов, од Русија во Струмица Никоб пристигнаа и Алексеј Лободин и Александер Злобин.

Сојузот на средношколци апелира за решавање на проблемот со недостигот

Сојузот на средношколци преку соопштение изразува разочарување што и на почетокот на учебната 2022/23 година, средношколците се соочуваат со познатиот проблем со недостиг на учебници и бара од институциите решавање на проблемот за да имаат непречен наставен процес. Овој проблем, посочуваат, е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. Во овој период, Сојузот на средношколци […]

Пронајдена почината мигрантка кај Гевгелија

Вчера во 09:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на местото „Змиите“ во атар на село Петрово, гевгелиско, било пронајдено починато женско лице мигрант,соопштија денеска од СВР Струмица. Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото е […]

Градоначалникот Костадинов ја прими успешната млада пијанистка, Сара Витанова

-Јас сум горд градоначалник со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова.Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. […]

Од полноќ цената на горивата паѓа за еден денар

Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новите цени ќе бидат: Еуросупер БС – 95 – 84,50 денари; Еуросупер БС – 98 – 87 денари; Еуродизел – 97 денари; Екстралесно масло за домаќинство […]

Девизните резерви 3,28 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 3.285,7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 89,1 милион евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (72%) по што следуваат валутите и депозитите (16,5%) и монетарното злато (11,5%), соопшти Народна банка.

80 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

На 11.09.2022 во периодот од 15:00 до 21:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, информираа денеска од МВР.Притоа, биле констатирани 80 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачјето на Струмица, 24 на подрачјето на Радовиш, 19 […]

80 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

На 11.09.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 80 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачјето на Струмица, 24 на подрачјето на Радовиш, 19 на подрачјето на […]

Струмичките пчели од „Пчелин рај“ долетаа на „Тиквешкиот гроздобер“

Маската „Пчелин рај“ на Основното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица под менторство на наставничката Соња Цицимова, денеска учествуваше на традиционалиот „Тиквешки гроздобер“ што се одржува во Кавадарци. Оригиналноста на својата маска „Пчелин рај“ ја покажа пред гостите во Кавадарци,а на премиерот Димитар Ковачевски и градначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им подарија од нивниот далеку познат […]