Градоначалникот Костадинов ги прими шампионите-одбојкарите на Струмица 47&72
-Одбојката веќе долги години е спорт број еден во Струмица, а нашиот град цврсто го држи одбојкарскиот пиедестал во државата. Се разбира, најзаслужни за тоа се одбојкарите, тренерите и раководството на О.К. Струмица 47&72, клуб кој се закити со шампионски титули во сите возрасни категории, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Денес го имав задоволството да извршам прием во мојот кабинет за претставници од пионерската, кадетската и младинската екипа на О.К. Струмица 47&72 кои станаа државни шампиони, како и за претставници од сениорската екипа на клубот која по 11-ти пат станаа македонски шампиони.Беше тоа одлична можност да им честитам на моите драги гости за новата испишана страница од историјата на струмичката и македонската одбојка, да ја споделам со нив мојата гордост за нивниот голем успех, но и да им ветам натамошна поддршка од Општина Струмица.Претставниците на О.К. Струмица 47&72 изразија благодарност до мене за целосната и несебична поддршка, но и благодарност до сите одбојкари, тренери, родители и училишта. Напред наши одбојкари, до нови успеси. Убавата приказна мора да продолжи, напиша струмичкиот градоначалник.