Завршува изградбата на булеварот „Братство Единство“

По изградбата на првиот булеварски мост „Обединување“, во Струмица завршува и изградбата на новиот булевар „Братство Единство“. Градоначалникот Костадин Костадинов со неговите соработници и членови на Советот извршија увид во финалните работи, односно асфалтирањето на коловозните ленти. -Станува збор за едно големо предизборно ветување пред граѓаните, секако со силни заложби, обврската на општина Струмица беше […]

Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше 40 медицински паравани на

-Грижата за здравјето на луѓето треба да оди рака под рака со грижата за јавното здравство. Поаѓајќи од таквиот непобитен факт, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во текот на 2023 година, реализираше бројни донаторски активности за поддршка и унапредување на јавното здравје. На неколку универзитетски клиники и други здравствени установи им беа донирани […]

Костадинов: Социјалната населба се гради според планираната динамика

При крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа реализација на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности, објави градоначалникот Костадинов. -Денеска потпишав договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и преку Владата обезбедивме 65 милиони денари […]

Честитка од градоначалникот Костадинов за Свети Никола

Денеска се празнува големиот христијански празник Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како светец кој е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, патниците, трговците, пекарите, аптекарите. Нека е за многу години празникот на сите семејства кои Свети Никола го имаат за куќна слава и нека е вечно името на сите што го […]

Кај двајца жители на Просениково полицијата пронајде марихуана

СВР Струмица денеска соопшти дека вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода И.Г.(41) и Т.Г.(41) од село Просениково, струмичко. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе […]

Приведен радовишанец за одземање возило, следува соодветна пријава

МВР соопшти дека синоќа во 23.00 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во периодот од 19:30 до 21:30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето […]

Одржан вториот интернационален инклузивен пливачи натпревар Atlas Winter Cup 2023

Спортското друштво ИТК Македонија и пливачкиот Клуб „Атлантида“ го организираа вториот инклузивен пливачки натпревар „Atlas Winter Cup”. Сите пливачи и пливачи со атипичен развој пливаа во име на заедништвото и солидарноста и настапуваа во сите пливачки дисциплини и возрасни категории. Инклузијата на натпреварот највисоко се достигна со штафетните трки каде пливачите пливаат во мешани тимови […]

Полициски автомобил удрил во пешак во Струмица

Вчера во 15:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В.(53) од Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица

Од ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 20:20 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Р1302 Берово – Струмица, поточно од село Двориште до Струмица, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Фото: архива