Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Полициски билтен:приведен побегнат затвореник, гевгеличанка пријавила дека од јули лани и го нема братучедот
На 14.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Г.П.(41) од Струмица, кој на 09.03.2024 во Полициската станица Струмица бил пријавен дека побегнал од Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Лицето било предадено во затворот.
На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.