Совет за превенција:Чувството на безбедност кај граѓаните на Струмица е

Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 14-та работна конференција на која на дневен ред беа ставени три актуелни теми и тоа градење клима на доверба и добросостојба во училиштата, узурпација на на јавните површини, тротоарите во градот и истражувањето на тема „Со локални совети за превенција кон подобра соработка“ спроведено од невладината организација „Евротинк“, […]

Кај три лица од радовишко полицијата пронајде бесправно исечени огревни

МВР соопшти дека вчера на подрачје на oпштина Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш презеле засилени мерки за откривање на бесправно исечени огревни дрва. Притоа, кај Р.Ј. и Е.М. од село Аликоч и Ф.Џ. од село Коџалија, радовишко биле пронајдени бесправно исечени дабови огревни дрва. Од […]

Жител на Просениково нападнал полицајци

На 21.10.2023 во 01.30 часот во с.Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.М.(40) од истото село, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Сојузот на лајонс клубови денеска во Струмица организираше „Ден за

Сојузот на лајонс клубови во Северна Македонија денеска во Струмица ја организираше манифестацијата „Ден за служење на заедницата“. Лајонсите спроведоа низа активности во Струмица затоа што СЛУЖАТ и на овој начин, ги претставија основните цели и принципи на лајонизмот. Манифестацијата почна со скрининг за дијабетес кај населението, потоа се направи едукативно магично ЕКО шоу во […]

Фондацијата „Заев“ и Општина Струмица доделија 68 стипендии на талентирани

Вкупно 68 талентирани ученици од основните и средните училишта во општина Струмица, денеска во Градската уметничка галерија добија дизајниран сертификат за стипендија од општина Струмица и Фондацијата „Заев – Eдно општество за сите“.Градоначалникот Костадин Костадинов, кој како и минатата година и оваа беше иницијатор за финансиска поддршка на талентираните ученици, во своето обраќање потенцираше: -Сите […]

Промовирана аудио книгата „Вистина или лудост“ од Оливера Трајковска

Аудио книгата „Вистина или лудост“ на авторката Оливера Трајковска беше промовирана во Занаетчискиот дом во Куманово во знак на одбележување на Светскиот ден на слепите лица. Како гест на внимание, слепите лица на промоцијата добија УСБ стик со поставена аудио книга наменета за домашна употреба. На промоцијата се читаа раскази од аудио книгата која веќе […]

Приведен крадец од Струмица кој украл 179 кутии цигари

МВР соопшти дека вчера во 16:20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица […]

Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите

Високо над рамницата Пелагонија, во пазувите на Бушева Планина, јуначкото Крушево претставува еден од најзначајните македонски градови со бројни етно и историски вредности. Покрај неговиот историски статус како прва република на Средниот Балкан, градот Крушево продолжува со своите прогресивни амбиции и во наредниот период се стреми да прерасне и да биде препознаен како еколошки одржлив град со нула отпад. […]

Општина Струмица и Здружението „Проект среќа“ потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателката на Здружението „Проект среќа“ Кристина Арнаудова Петровски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Здружението, соопштија денеска од Општината. Соработката ќе вклучува заедничка работа во подобрување на  едукацијата и влијанието врз децата и младите од основните  и средните училишта на теми филантропија, општествена одговорност, емпатија, донирање, прифаќање на различностите, спречување […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод патрониот празник на градежниците

Почитувани градежници – неимари, Денес кога христијанскиот свет го слави името на еден од Дванаесетте големи апостоли – Свети апостол Тома, Вие останувате верни на убавата еснафска традиција да го одбележувате празникот на Вашиот патрон. Денешниот традиционален собир кој по 31 пат го организирате во манастирскиот храм Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса е […]