fbpx

Изгореле пет стари куќи во иселеното радовишко село Шипковица

 Изгореле пет стари куќи во иселеното радовишко село Шипковица

На 11.02.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Шипковица, на планина Плачковица, радовишко, настанал пожар во кој изгореле пет стари куќи, нискостеблеста шума и сува трева.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Фото: архива

Share via
Copy link