Денеска во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Зоран Заев, а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. -Министерството за внатрешни работи има силен сојузник […]
Вчера во 19:30 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Р.(33) од село Банско затоа што при преглед на нива која ја обработувал биле пронајдени ќесиња со марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе […]
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа без вода од 8 до 12 часот ќе остане улица Браќа Миладинови и градски пазар Чешел, соопштија утрово од ЈПКД „Комуналец“.
Денеска во 03:20 часот на место викано „Смоларска раскрсница“, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.Д. (34), И.С.(32) и М.П.(31), сите од Штип, соопштија од МВР. При преглед на патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, управувано од М.Д., во кое сопатници биле другите две лица, била пронајдена […]
МВР соопшти дека вчера во 18:30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода П.П. (39) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од […]
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. Мажот направил план заедно со сопругата на сила да […]
Со одржувањето на првата форумска сесија, вечерва во новоотворениот Младински центар во општинската зграда започна Буџетскиот форум на општина Струмица 2023/2024 година. Учесниците на форумот, граѓани, советници, претставници на младинскиот и невладиниот сектор, беа запознати со процесот на буџетирање, структурата на буџетот на Oпштина Струмица, буџетскиот календар и планираните приоритети за развој за наредната 2024 […]
Според Управата за хидрометeоролшки работи, денеска попладне под влијание на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд, како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи. Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме и […]
Денеска, пред влез во детската градинка која се наоѓа на улицата „Жртви на фашизмот“, по претходна пријава од граѓани, ТППЕ Струмица интервенираше на отстранување на рој пчели, информираа струмичките пожарникари. Пчелите се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник.
Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, […]