fbpx

Костадинов:„Комуналец“ и Против пожарната единица се подготвуваат да одговорат на евентуалното невреме

 Костадинов:„Комуналец“ и Против пожарната единица се подготвуваат да одговорат на евентуалното невреме

Според Управата за хидрометeоролшки работи, денеска попладне под влијание на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд, како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи.

Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме и во нашиот регион со бура, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд, па дури и со појава на град.

-Апелираме до граѓаните да не паничат и да останат смирени бидејќи ЈПКД „Комуналец“ и Противпожарната единица веќе се подготвуваат да одговорат на евентуалното невреме со сите расположиви човечки и материјални капацитети.Екипите се на терен и ги чистат сите атмосферски сливници, а во горниот дел на градот се чистат и сливните решетки, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните доколку имаат потреба и чувствуваат било каква загрозеност, веднаш да се јаваат на телефонскиот број 193 или 112 во Центарот за управување со кризи.

Share via
Copy link