Вчера во 08:50 часот на место викано „Аџиовско трло“ во близина на село Пирава, валандовско, бил пронајден починат Д.С.(72) од село Пирава, кој на 08.10.2023 беше пријавен дека се оддалечил од домот, соопштија денеска од СВР Струмица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Во периодот од 7 – 14 октомври 2023 година, Тимот за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини од Дирекцијата за заштита и спасување, учествува на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес, што се одржува во Ереван, Ерменија, соопштија од ТППЕ Струмица. Вежбата се организира во рамките на проектот за комплексно управување […]
Проект „Компјутерската моќ станува зелена – GO GREEN“ “Еден од главните идентификувани предизвици за зелена дигитализација на локално ниво е недостатокот на сеопфатна државна стратегија со која ќе се спроведува дигитализацијата. Во оваа насока, прв приоритет на кој треба да се работи е креирање стратегија која ќе има цел да создаде систем или процес во […]
1 Октомври 1941година е Ден – будилник и Ден – бунтовник, 11 Октомври 1941година е Ден – непокор и Ден – македонско „НЕ“ за фашизмот, 11 Октомври 1941година е Ден – истрел за слободарски дострел, 11 Октомври 1941 е Датум за паметење и незаборав, 11 Октомври е Празник достоен за празнување и гордост. Честит и […]
Денес градоначалникот Костадин Костадинов учествуваше на трибината посветена на менталното здравје, по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, а во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица. Во своето обраќање, меѓу другото рече: „Имајќи го во предвид фактот дека проблемите со менталното здравје се во постојан пораст, не само кај […]
На Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, беше откриена спомен плоча за значаен придонес на македонската во светската наука – Прво управување на робот со помош на сигнали од мозокот. На отворање на спомен плочата присуствуваа Претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Светската професионална организација на инженери ИЕЕЕ, Саифур Рахман и професор д-р […]
Денес градоначалникот Костадин Костадинов го посети населеното место Куклиш во кое се завршени повеќе активности од програмата за работа на Општина Струмица. Тој ги запозна претставниците на медиумите со завршеното оградување на паркот пред детската градинка, поставената нова мржена ограда на метална конструкција со бетонски ѕид, санираната мрежа на постоечката ограда на градинката, извршената поправка […]
На 06.10.2023 во 22:30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин, соопштија денеска од МВР. Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија […]
Вчера во 21:30 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана, соопштија денеска од МВР. С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш. На 07.10.2023, врз […]
Денеска во Домот на АРМ, со пригодна програма наменета за првоодделенците од општина Струмица, беше одбележана Детската недела, која секоја година, во првата седмица од месец октомври, се одбележува во сите земји-членки на Обединетите нации. Во рамките на свеченоста струмичките првачиња беа примени во Детската организација, а приемот им го честитаа членките на Советот на […]