ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Тимот за брз одговор и спасување на ТППЕ Струмица учествува на меѓународна вежба во Ерменија
Во периодот од 7 – 14 октомври 2023 година, Тимот за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини од Дирекцијата за заштита и спасување, учествува на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес, што се одржува во Ереван, Ерменија, соопштија од ТППЕ Струмица.
Вежбата се организира во рамките на проектот за комплексно управување со земјотрес во Јужен Кавказ, преку ефективно планирање, одговор и здружени операции, финансиран од Европската Комисија.
Покрај Македонија, на вежбата учествуваат тимови од Црна Гора, Грција, Франција, Кипар, Грузија и домаќинот Ерменија.
ТППЕ Струмица учествува со тим од 8 пожарникари-спасители специјално обучени во оваа област. Тимот претходно учествуваше на неколку меѓународни вежби и реални ситуации со што се стекна со непроценливо искуство.
Од ТППЕ Струмица изразуваат голема благодарност до градоначалникот на општина Струмица, Фондација „Заев-едно општество“ и за сите кои го помогнаа патувањето на тимот.