fbpx

Пронајдена дрога во Радовиш, приведени две лица

 Пронајдена дрога во Радовиш, приведени две лица

Вчера во 21:30 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана, соопштија денеска од МВР.

С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш.

На 07.10.2023, врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен претрес во домот на Д.Л., при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси со марихуана.

Д.Л. бил задржан во Полициската станица Радовиш и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Радовиш. 

Фото: МВР

Share via
Copy link