Вчера во 18:15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје. Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети, соопштија од МВР. Кај него биле пронајдени возилото и […]
Вчера во 22:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, соопштија денеска од МВР. По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински […]
На половина од првиот мандат, струмичани имаат доверба во градоначалникот Костадин Костадинов да му го доверат и вториот мандат, соопштија денеска од Општина Струмица. Тоа го покажало истражувањето на ТИМ Институтот од Скопје, според кое на прашањето дали сметате дека градоначалникот Костадин Костадинов заслужува или не заслужува повторно да биде избран, 52,5 проценти од испитаниците […]
Денеска во 03:25 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионален центар за гранични работи Југ, од слобода биле лишени Р.О.(21), Б.Ц.(26) и К.Ф.(26), сите од Косово. Околу […]
Денеска во Струмица е отворено ново повеќенаменско игралиште кај ООУ „Никола Вапцаров“, во втората урбана заедница, позади спортската сала на ова училиште. Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев заедно децата ги испробаа новите голови и кошеви, а во изјавата за медиумите струмичкиот градоначалник истакна дека ова игралиште, кое е четврто по […]
-Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител, но поаѓајќи од фактот дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро, јас сум безрезервно подготвен таа соработка не само да ја негуваме, туку постојано да ја унапредуваме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Тоа беше заклучокот и дел од моето обраќање на […]
-Со задоволство објавуваме резултати од нашето најново истражување, насловено “Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините,” во соработка со Центарот за граѓански комуникации и со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, објавија од „НОВУС“. Ова истражување е извршено во градовите и општините Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и […]
Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализира изложбата ,,Несовршен простор”. Се доделува и наградата,,Владимир Георгиевски”, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски. Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ. Оваа година наградата […]
Се асфалтираат последните метри и со тоа завршува комплетната реконструкција на улицата „Крушевска Република“. Градоначалникот Костадин Костадинов со тимот од соработници и советници, денеска изврши увид во завршните работи на улицата, чија реконструкција беше негово предизборно ветување пред граѓаните на Струмица. Двете страни на улицата „Крушевска Република“ во уредениот дел од поројот, односно, од кружниот […]
Вчера околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија, соопштија од МВР. Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил […]