fbpx

Костадинов:Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител

 Костадинов:Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител

-Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител, но поаѓајќи од фактот дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро, јас сум безрезервно подготвен таа соработка не само да ја негуваме, туку постојано да ја унапредуваме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Тоа беше заклучокот и дел од моето обраќање на денешната работилница на тема: „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“, во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.Беше тоа исклучително корисна работилница, на која, во присуство на Народниот правобранител Насер Зибери, имавме можност да ги искажеме нашите искуства, ставови и размислувања околу предностите и недостатоците од пренесените надлежности од државно на локално ниво, во одредени области.Едно е повеќе од сигурно, ваквите работилници, состаноци и меѓусебни средби се неопходни за унапредување на заштитата на правата на граѓаните, затоа што ние постоиме за доброто на граѓаните, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link