Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
„НОВУС“ ги објави резултатите од “Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините“
-Со задоволство објавуваме резултати од нашето најново истражување, насловено “Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините,” во соработка со Центарот за граѓански комуникации и со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, објавија од „НОВУС“.
Ова истражување е извршено во градовите и општините Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2022 година, и цели кон тоа да ја проследи состојбата на спортските објекти во овие области.
-Нашата цел е да ја подигнеме свеста за значењето на инвестирањето во спортот и да ги подобриме условите за спортската активност во нашата држава, велат од Центарот за истражување и анализи „НОВУС“.
Повеќе детали и резултатите од истражувањето, посетете ја веб-страницата https://associationnovus.org/…/ccc_mapirane-na… или обратете се до НОВУС за повеќе информации.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации.