„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Уапсен крадец од Шуто Оризари, во Струмица украл возило и извршил тешка кражба во куќа
Вчера во 18:15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје. Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети, соопштија од МВР.
Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.