Во сообраќајка во Струмица тешко повредена 63 годишна жена од

Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управуванно од С.А.(52) од Струмица и патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П.(25) од село Просениково, струмичко, информираа денеска од МВР. Во несреќата […]

Голем пожар избувна кај селото Николиќ, во Дојран

-Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Постои опасност од негово брзо ширење поради ветрот. Упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона, информираа од Центарот за управување со кризи. Според информациите оттаму пожарот се шири бргу заради силниот ветар, а го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и ЈП […]

Костадинов го отвори „Астерфест“

-Нашата Струмица од вечерва е во филмска магија благодарение на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој годинава го доживува своето 18-то издание, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Да имаше фестивалов човечки особености, тогаш вечерва ќе ја славевме неговата полнолетност, а во овие пет фестивалски денови „Астерфест“ ќе го полагаше својот испит на зрелоста. Но, по […]

Изгаснат е пожарот кај Богданци

-Пожарот во Богданци е целосно изгаснат, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. -Против пожарните тимови се повлекуваат од терен. На лице место е оставена дежурна екипа да внимава да не дојде до повторно разгорување. Изгорени се приближно над 350 ха нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на 4-те ветерници […]

Голем пожар избувна кај Костурино

Денеска во 12:45 часот, во атарот на село Костурино ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 15 пожарникари – спасители интервенира на гасење на запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми, информираа струмичките пожарникари. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон околната шума. Екипите се се уште на терен […]

Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува граѓаните дека од 08 август ќе започне со реконструкција, односно замена на тунелското осветлување на подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“, информираа денеска од Општина Струмица. Реконструкцијата е дел од јавна набавка, а целта е да се подобри функционалноста на тунелското осветлување и да се обезбеди подобра фотометриска распределба […]

Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола

-Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сеуште не е ставен под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи. -Пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од ДЗС, „Национални Шуми“ и јавното комунално претпријатие од Богданци, се обидуваат да го […]

Голем пожар кај Богданци, се шири кон ветерниците

Денеска окопу 11:00 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро избувна пожар во нискостеблеста деградирана шума и сува трева избувна силен пожар, соопшштија од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради опасност пожарот да се прошири кон ветерниот парк Богданци, два Ер- Трактори на ДЗС полетаа за да помогнат на […]

Полициски билтен:140 казни за брзо возење, приведени крадец и лице

На 02.08.2023 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од СВР Струмица. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 74 […]

Откриени 16 мигранти во близина на преминот Богородица

На 01.08.2023 во 19:00 часот во близина на Граничниот премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица била откриена група од 16 мигранти од Сирија и од извршената проверка било констатирано дека двајца од нив, А.А.(18) и М.Х.(18), двајцата од Сирија, им помогнале на другите лица мигранти илегално да ја преминат […]