fbpx

Синоќа изгоре автомобил во Струмица

 Синоќа изгоре автомобил во Струмица

Денеска во 02:15 часот, на улица „Васил Главинов“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.

Пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово ширење, а причинета е значителна материјална штета.

Приодот до местото на пожарот бил значително отежнат поради паркираните автомобили на пристапните улици пришто е изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link