Полициски билтен:откриени крадци од Дојран, уапсен пироман од Али Коч
На 19.09.2023 во 00:30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран.
При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.
—————————————————————————————————————————————————
На 19.09.2023 во 11.15 часот Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Р.(52) од с.Али Коч, радовишко. Тој се сомничи дека на 18.09.2023 предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.
С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Исто така, тој признал дека на 31.07.2023 и 01.08.2023, на место викано „Градска депонија” во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа.