Струмичките пожарникари се вклучија во потрагата по исчезнатиот Блажо Муртинлиев

Денеска, во попладневните часови, по барање на градоначалникот Костадин Костадинов, ТППЕ Струмица со неколку пожарникари-спасители, членови на тимот за пребарување и спасување активно се вклучи во претрагата на исчезнатиот Блажо Муртинлиев, чија траг се губи пред четири дена кога го напуштил својот дом. Со специјална опрема и термален дрон беа пребарани неколку тешко достапни локации […]

Одбојкарките вечерва против Луксембург во Европската сребрена лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Струмица го пречекува Луксембург во воведниот натпревар од Европската сребрена лига. Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ во следните три викенди ќе одиграат шест натпревари на три турнири од кои два ќе бидат организирани од Одбојкарската федерација на Македонија во струмичката сала „Парк“. По вечерашниот дуел закажан со почеток […]

Маж, жена и ќерќа нападнати од зетот во струмичко

Маж од струмичко, неговата сопруга и ќерката биле нападнати од „неофицијалниот“ зет.  Како што соопштија од полицијат, вчера во 15.20 часот во СВР Струмица, Ѓ.Т.(54) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 14.50 часот во двор од семејна куќа заедно со неговата сопруга и неговата ќерка биле физички нападнати од П.Б., инаку вонбрачен партнер на […]

Костадинов:Реков дека ќе има ред во Струмица — и има!

-Не зборував за привиден ред, туку за суштински ред. Ред кој значи безбедност, законитост и почитување на институциите. Денес, таа порака е разбрана, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по денешноти уривање на бесправно подигнати објектри на јавна површина. -Му благодарам на секој што ја сфати сериозноста – и на инспекциите, и на полицијата, и […]

Најголем дел од досегашните градоначалници од ВМРО ДПМНЕ во Југоистокот

ИК на ВМРО ДПМНЕ вечерва утврди 25 кандидати за градоначалници за локалните избори наесен. Од Југоистокот во трка за уште еден мандат остануваат градоначалниците на Гевгелија- Андон Сарамандов, Босилово-Ристо Манчев, Василево -Славе Андонов, Ново Село- Ѓорге Божинов и Конче-Златко Ристов. Во вкупно 10 општини од југоисточниот регион утврдени се кандидати за пет, додека за Радовиш, […]

Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии

По јавната реакција на струмичани за намерното недавање на согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, средба со мене побара министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Средбата ја одбив, од неколку причини: Првата причина е тоа што се бараше на средбата да одам само јас, а […]

Костадинов: сите угостители прифатија да ги отстранат неправилностите и доброволно

-Сите угостители се согласија и прифатија да ги отстранат неправилностите кои ги констатираа инспекторите, и доброволно да го ослободат плоштадот.Верував дека ваквото решение е најдоброто – и за граѓаните и за угостителите, објави градоначалникот, Костадин Костадинов. -Како градоначалник, ќе бидам прв кој ќе застане зад иницијатива за измени на Законот за градење, каде на разумен […]

ЗНМ: Јавните функционери да се воздржат од навреди и дискредитации

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска преку соопштение реагира на неодговорната и недолична комуникација на социјалните мрежи на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, насочена кон редакцијата на порталот Рацин.мк, нејзините новинари и уредници. -Во демократско општество, јавните функционери имаат обврска да негуваат културен и одговорен однос со […]

Уапсен валандовчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Вчера во 21:54 часот кај место викано „Монопол“ во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.П.(71) од село Пирава, валандовско. Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на […]

Општина Струмица промовитраше QR код за следење на загадувањето

-На 8 Мај 2025 година започнавме градење на хиперлокална мрежа од сензорски монитори за следење концентрации на РМ2.5 на МИКРО локации во општина Струмица. Во прва фаза инсталиравме сензорски системи на 6 локации во градот Струмица, а во блиска иднина ќе ја прошириме мрежата на повеќе локации во сите населени места во општина Струмица. Апликацијата […]