fbpx

Автомобил удри во пешак на Булеварот „Маршал Тито“

 Автомобил удри во пешак на Булеварот „Маршал Тито“

Автомобил удри во пешак попладнево околу 16:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

Несреќата се случила на пешачкиот премин кај експозитурата на „Комерцијална банка“.

Портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска ја потврди информацијата. Таа информираше дека автомобилот удрил во жена, која веднаш била пренесена во болницата.

Повеќе информации за сообраќајката Рендевска најави по завршувањето на увидот од страна на полицијата.

Share via
Copy link