ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Беласица и Шкупи заинтересирани за трансфер на Захов
Костадин Захов, еден од нашите најдобри голмани во ПМФЛ, е трансферна цел на најмалку два наши клуба. Имено чуварот на мрежата на Шкендија, бил интересен за Шкупи и Беласица, и чаирчани и струмичани го посакувале искусниот голман во своите редови. И двата клуба засега го немаат решено голманското прашање за во наредната сезона. Шкупи го има Игор Алексовски, но тој одново потешко се повреди и ќе паузира неколку месеци, а Беласица мора да обезбеди искусен и квалитетен прволигашки голман.
Сепак тешко дека и Шкупи и Беласица би го добиле Захов во овј летен преоден рок. Познато е дека тој со Шкендија се уште има важечки договор, кој завршува дури во јуни следната година, па затоа Захов речиси 99% останува во Шкендија и во наредната сезона, или барем до зимскиот преоден рок.
Токму затоа Шкупи и Беласица ќе почекаат, барем уште шест месеци, на услугите на одличниот голман кој во Тетово е од 2016 година, и е врзан со сите успеси на Шкендија во последно време. А тие настапи во плеј – офот во Лигата на Европа, потоа двете титули во ПМФЛ и двата купа во Купот на Македонија. Голема заслуга за ова има, секако, и искусниот голман.
Извор: https://sportmedia.mk/