fbpx

Бензините со пониски цени од полноќ, дизелот со иста цена

 Бензините со пониски цени од полноќ, дизелот со иста цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг во однос на цената тврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,368 ден/кг.

Share via
Copy link