fbpx

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ -Радовиш одбележа 66 години од постоењето

 Библиотеката „Браќа Миладиновци“ -Радовиш одбележа 66 години од постоењето

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш денес со пригодна свеченост ја одбележа 66 годишнината од основањето и постоењето. На свеченоста, со музичка содржина настапија членови на музичката секција при ООУ ,,Крсте Петков Мисирков” од Радовиш предводени од професор Александар Ицов, а со сценски драмски приказ насловен како ,,Т’га за југ” се претстави и драмската секција при истото училиште предводени од професор Томе Постолов.

За соработка и подршка на библиотеката во текот на 2023 година благодарници им беа доделени на Oпштина Радовиш, ООУ ,,Крсте П. Мисирков”, Образовниот центар ,,Едуко”, Детската градинка ,,Ацо Караманов” и ТВ ,,Кобра”.

Благодарници за соработка и придонес во активностите на библиотеката беа доделени и на тројца професори -Томе Постолов, Александар Ицов и Јовица Илиќ.

За најдобри читатели за 2023 година беа прогласени Нада Шлукарова за највозрасен читател, Лила Кукутанова за најактивен читател, Викторија Митева за најдобар млад читател и Срна Ценева за најмлад детски читател.

Share via
Copy link