Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Божиќна честитка од градоначалникот Костадинов
Почитувани сограѓани, христијани од католичка вероисповед,
Празник е кога вистински празнуваат срцата и душите. Празник е кога му се радувате на денот кој ве исполнува и ве прави посреќни од вообичаеното. Овој ден е токму таков, ден во кој со озарени лица го славите раѓањето на Исус Христос, кој повторно ја дарува смислата на постоењето, живеењето и спасението.
Божиќ е празник на нашата христијанска вера, љубов и надеж. Божиќ е закрила на радоста, мирот, и утехата. Божиќ е будилник на нашата свест, да бидеме луѓе без омраза, без поделби и без непријателства. Таков Божиќ да празнувате и да му се радувате.
Нека раѓањето Христово ви донесе здравје, среќа, спокој, благосостојба и семејна хармонија.За век и векови да е Божиќ.
ХРИСТОС СЕ РОДИ